ХИПЕРПЛАСТ (HYPERPLAST)
Хиперпластификатор за бетонски мешавини, со висок степен на редукциjа на вода, долготраен одржувач на конзистенциjата, изработен на база на модифицирани полимери на
прскани бетони
ОДГОВАРА НА:
EN 934-2 T-11.1 & T11.2 и ASTM C494 Types D&G
ОБЛАСТ НА ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ:
ХИПЕРПЛАСТ е универзален хиперпластификатор од најновата четврта генерација на пластификатори произ- веден со најквалитетните суровини и изработен на база на модифицирани полимери. ХИПЕРПЛАСТ овозможува висока редукција на вода во однос на бетони припремени без адитиви и додатоци, како и саморазливни бетони без дополнително додавање на вода. При тоа се овозможува долготрајно одржување на конзистентноста на бетонот.
СЕ ПРИМЕНУВА ЗА:
- Готови бетонски мешавини
- Транспортни бетони
- Масивни бетони
- Бетонирање при високи температури
- Бетони со низок w/c фактор
- Течни бетони отпорни на сегрегација
- Бетонирање на густи армирачки пресеци
- Производство на самозбивачки бетони (SCC)
- Прскани бетони
Description
СВОЈСТВА НА ПРОИЗВОДОТ:
- Долготрајно и продолжено одржување на конзистентноста (до 3 часа)
- Значително подобра обработливост на бетонот без додавање на вода и без опасност од сегрегација
- Ја подобрува збиеноста и хомогеноста на бетонот
- Значително го подобрува изгледот на бетонот
- Можност за редукција на вода и до 30%
- Можност за редукција на цемент (својство на штедење на цемент при подготовка на класични бетони до 20%)
- Постигува високи рани и крајни јакости на бетонот
- Ја зголемува отпорноста од мраз
- Се подобрува својството на водонепропустливост
- Ја намалува и елиминира потребата од вибрирање
ДОЗИРАЊЕ НА ПРОИЗВОДОТ:
Дозирањето на ХИПЕРПЛАСТ зависи од намената на бетонот и се врши од 0,6% па се до 1,2% од масата на цементот. Во припрема на класични бетони, до- зирањето е препорачливо да биде од 0,6% до 0,8% од масата на цементот. Во припремата кај самозби- вачки бетони (SCC) дозирањето треба да биде во гра- ниците од 1% до 1,2% од вкупната маса на цементот.