ХИДРОПЛАСТ
Адитив за водонепропустливост на бетони и цементни малтери
ПРИМЕНА:
Кај сите видови бетонски мешавини, надворешна глет маса, фасадни малтери, цементни лепила за сите видови плочки како и други смеси кои се подложни на влијанија од вода.
КАРАКТЕРИСТИКИ:
Сите погоре споменати смеси и мешавини, ги прави отпорни од влијанија на влага, поточно ги прави водонепропустливи.
- Ја подобрува нивната еластичност
- Не дозволува појава на пукнатини
- Во голема мера ја зголемува отпорноста од абразија
- Ја подобрува нивната врзивост
- Боја – млечно бела
УПАТСТВО ЗА РАБОТА:
Кога бетонската мешавина или цементните малтери се убаво хомогенизирани (измешани) со вода, непосредно пред самата нивна употреба, се додава ХИДРОПЛАСТ со непрестано мешање се до негово убаво хомогенизирање (3-5 мин) и тоа во процент според намената и потребата.
Description
ПОТРОШУВАЧКА:
Во зависност од потребите:
- 1-2% од тежината на цементот кој се употребува за бетонски мешавини.
- 1-2% од тежината на сите малтери
- 1-2% од тежината на сите видови лементни лепила за плочки
РОК НА ТРАЕЊЕ:
Минимум една година во оригинална неотворена амбалажа како и добро ускладиштена.
УСКЛАДИШТУВАЊЕ:
Во оригинално пакување.
Рок на употреба — 12 месеци на температура од +5С до +35С.
ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА:
При работа се препорачува користење на лична заштитна опрема, според законските прописи во државата каде се користи овој производ.
ПАКУВАЊЕ:
Се испорачува во пластична амбалажа од 10 лит, 1000 лит., и по договор со купувачот.