АКСЕЛКОН
УПОТРЕБА:
Чистиот цемент или сувата мешавина од цемент и песок се меша со АКСЕЛКОН претходно разреден со вода и веднаш се вградува. Соодносот на адитив и вода се движи од 1:1 до 1:6. Се припрема онолку маса колку што е потребно да се вгради за време од неколку секунди до неколку минути.
Во следната табела е прикажано времето на врзување зависно од типот на цементот и видот на разреденоста на адитивот АКСЕЛКОН со вода:
Тип цемент | АКСЕЛКОН: Вода | Време на врзување Почеток |
Време на врзување Крај |
---|---|---|---|
РС-55 | 1:0 1:2 1:3 |
5 s 10 s 5 min 7 min |
19 s 45 s 15 min 20 min |
PC-45 | 1:0 1:1 1:2 1:3 |
7 s 30 s 5 min 25 min |
20 s 1 min 11 min 75 min |
PC-35 | 1:0 1:1 1:2 1:3 |
10 s 2 min 10 min 40 min |
30 s 5 min 35 min 85 min |
Description
АКСЕЛКОН разреден во вода обавезно мора да се употреби во рок од 24 часа. Кога се работи со овој адитив потребно е користење на заштитни ракавици и наочари. При контакт на телото со оваа мешавина, убаво да се исплакне со вода. Пред секоја употреба обавезно да се направи мала проба, поради различните температурни разлики, и дадените времиња на врзување се разликуваат.
УСКЛАДИШТУВАЊЕ:
Добро затворен во оргинална амбалажа, заштитен од сонце и температура над +5С до +3С.
РОК НА УПОТРЕБА:
12 месеци.
За прскани бетони се дозира 2 до 6% тежински, во однос на масата на цементот. Процентот на дозирање зависи од времето на забрзување кое треба да се постигне, од конзистенцијата на бетонот, од видот и количината на цементот, од температурните услови, од категоријата на подлогата и др. Ако се користи за прскан бетон при бетонирање на примарната облога во тунели, тогаш дозирањето при бетонирање на калотниот дел треба да изнесува 5-6%, додека во делот на золната може да се дозира помалку, од 2-5%. АКСЕЛКОН се додава на излезниот дел од цревото со кое се врши торкретирање (прскање). За употреба како убрзувач во класични бетони,
АКСЕЛКОН се додава непосредно пред вградувањето, директно во готовиот бетон, брзо се меша и вградува, бидејки постои опасност да дојде до брзо врзување. Кај овој тип дозирањето во нормални услови е до 2%, За поголемо дозирање потребно е да се направи проба за дефинирање на точното време на врзување, во реални температурни услови.
- Интензивно забрзување на времето на врзување на бетони и малтери;
- Постигање на рани јакости;
- Ја подобрува тиксотропијата и лепливоста на Бетонската и малтерска смеса;
- Овозможува машинско вградување на вертикални, коси и тавански површини;
- Го намалува одбивањето отпадот на материјалот при прскањето;
- Не содржи хлориди;
ЕФЕКТ ОД ПРЕДОЗИРАЊЕ:
При неправилна проценка на дозирањето на АКСЕЛКОН кај класичното бетонирање може да дојде до прерано врзување на бетонот во миксерот или пумпата.