Kripton200

КРИПТОН 200

Високо ефективен еколошки противпожарен премаз за дрво и бетон

Производот е наменет како премаз за противпожарна заштита на дрвени конструкции. Истиот, спречува запалување и пренесување на пламенот. Премазот е спе- цијално креиран на тој начин што во температурен интервал од 30-35С создава еластична армирана мембрана, која понатаму е отпорна на директна изложеност на пламен до 1100С и истата го спре- чува запалувањето на дрвото и проширување на пожарот. Модул за дрвени конструкции

  • Самиот премаз е термички стабилен на 1150oС минимум 6 часа.
  • Време на постигнување температура од 300oС на граница- та на фазите дрво-премаз, на пламен од температура од 1100oС е после 2 часа.
  • Термостабилност на дрвена подлога на која е нанесен противпожарен материјал КРИПТОН 200 со дебелина од 0,8-1 mm изнесува 450oС
  • Трајно го заштитува дрвото од мувлосување и скапување, а го штити и од инсекти и црви кои живеат во дрво.
  • Киселоотпорен (отпорен на сите видови киселини и кон- центрации)
  • Нема мирис
  • Не содржи органски растворувачи и не е токсичен.
  • Во фазата на изложеност на пожар и потоа, не ослободува токсични гасови и не останува токсичен цврст остаток.
  • Специфична маса: приближно 1,45 kg/l
  • Потрошувачка: 0,5-1 kg/m2 зависно од површинската об- работка на дрвото.
  • Дебелина на слојот во исушена состојба: од 0,3-0,8 mm
  • Време на сушење: Првиот слој 60 минути, вториот слој мин.120 минути.
  • Индустриска боја на премазот е сивката.
  • Нанесување: четка, ваљак или со шприцање (2-3 слоја).
  • Како украсен-завршен слој, над премазот се аплицира фасадна дисперзна боја во нијанса по желба и потреба. Истата, воедно го штити премазот од надворешни влијанија.
  • Работна температура и ускладиштување: од +5С до +35C

Description

МОДУЛ ЗА БЕТОНСКИ КОНСТРУКЦИИ:

  • Термостабилност на бетонска подлога на која е нанесен противпожарен материјал со дебелина од 0,8-1 mm изнесува до 1100oC
  • Времето на постигнување на температура од 700oС на границата на фазите бетон-премаз при изложеност на пламен од 1100oС изнесува 3 часа
  • Време на сушење: Првиот слој 60 мин, вториот слој мин.120 минути.
  • Индустриска боја на премазот е сивката.
  • Нанесување: четка, ваљак или со шприцање.
  • Потрошувачка: 0,5-1 kg/m2 зависно од рапавоста на површината на бетонот
  • Како украсен-завршен слој, над премазот се аплицира фасадна дисперзна боја во нијанса по желба и потреба. Истата, воедно и го штити премазот од надворешни влијанија.
  • Работна температура и ускладиштување: од +5oС до +35oС