Oplatol

ОПЛАТОЛ

Градежно масло за премачкување на оплати

ПРИМЕНА:
Кај сите видови на градежни оплати од дрво, иверица, пластика, метал и др.

КАРАКТЕРИСТИКИ:
ОПЛАТОЛ е висококвалитетно органско масло збогатено со компоненти од врвен квалитет. Прави стабилен хидрофобен тенок слој помеѓу бетонот и оплатата. Истиот овозможува лесно одвојување на оплатата од бетонот. Не остава масни дамки на бетонот. Спречува корозија кај челичните (металните) оплати и калапи. Ја продолжува трајноста на сите видови оплати.
Боја – транспарентно жолта.

УПАТСТВО ЗА РАБОТА:
Се нанесува со четка, ваљак или со шприцање. Производот да не се разредува и да не се меша со други производи од овој тип. Оплатите се премачкуваат непосредно пред нивна употреба.

Description

ПОТРОШУВАЧКА:
Во зависност од потребите, квалитетот на површината на оплатата и од типот (дрво, иверица,челик, пластика).

РОК НА ТРАЕЊЕ:
Мин. 1 година во оригинална неотворена амбалажа како и добро ускладиштена.

УСКЛАДИШТУВАЊЕ:
Во оригинално пакување. Рок на употреба: 12 месеци
На температура од +5С до +35С. Производот да не се чува подолг период изложен на сончева топлина.

ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА:
При работа се препорачува користење на лична заштитна опрема, според законските прописи во државата каде се користи овој производ.

ПАКУВАЊЕ:
Се испорачува во пластична амбалажа од 10 лит, 208лит. 1000 лит. и по договор со купувачот.