Hymalflex

ХИМАЛ ФЛЕКС

Двокомпонентна еластична полимерна хидроизолациjа

ХИМАЛ ФЛЕКС е двокомпонентна еластична полимерна хидроизолациона смеса за ѕидови, рамни кровови подруми, купатила, темели, базаени, фонтани, балкони, резервоари и било која друга бетонска површина. Филмот добиен со ХИМАЛ ФЛЕКС е траен и водоотпорен.

ОСОБИНИ:
Премостува пукнатини, отпорен е на мраз, економичен, не е токсичен, лесен за работа, еластичен, го штити бетонот од вода и влага, двокомпонентен производ, одлично се врзува со подлогата, не содржи хлориди и не е запалив.

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ:
Изглед: А компонента е сив прашак, Б компонента е бела течност.
Нијанса на готовата смеса: Светло сива боја. Специфична тежина: 1,15-1,20гр./см3
Време на сушење: при температура од 20С е 2-3 часа, додека целосното сушење е од 24-48часа.
Производот е еколошки, на водена база и нее токсичен и нее запалив.
Одлично е издржлив на временски неприлики.
После неговото потполно сушење, е со постојано и долготрајно дејство.

Description

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА:
Подлогата пред нанесување на ХИМАЛ ФЛЕКС мора да биде чиста, без прашина, и маснотии. Прво се нанесува ПОЛИГРУНД 1к-еластик. Потоа се нанесува ХИМАЛ ФЛЕКС. Компонентата Б (бела течност) се додава во компонентата А (сив прашок) со непрекинато мешање со електрична маталка од 300-350 вртежи. Смесата е готова кога е комплетно хомогенизирана.

Се нанесува со четка или ваљак во два до три слоја во зависност од потребата и намената. Секоја следен слој се нанесува кога претходниот е потпуно сув. Додека не е потполно сув не смее да дојде во контакт со вода или друга течност. Вкупната дебелина на слојот изнесува 1-2мм. При евентуални оштетувања на премачканата површина, истата едноставно повторно премачкајте ја. Работајте исклучиво на температури од +5С до +35С и не се препорачува да се работи вон овие температури. По потреба може да се армира со стаклена мрежичка или микрофиберни влакна на ивици и спојки. Приборот и рацете се мијат со вода

ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА:
При работа се препорачува користење на лична заштитна опрема, според законските прописи во државата каде се користи овој производ.

ПОТРОШУВАЧКА:
Во зависност од потребата и рапавоста на површината, потрошувачката е: од 2-2,5кг/ м2 (при процедни води и влаги) и од 3-4 кг./м2 ( при зголемен воден притисок)

РОК НА ТРАЕЊЕ:
Мин. една година во оригинална неотворена амбалажа како и добро ускладиштена. УСКЛАДИШТУВАЊЕ: Во простории со температури од +5С дo +35С. Не се препорачува негова изложеност на сонце подолг период. Производот не смее да замрзне.

ПАКУВАЊЕ:
A компонента 5kg. B компонента 5kg.