ИЗОКРИСТАЛ
Хидроизолационен премаз за заштита и поправка на бетон преку процес на кристализациjа
ИЗОКРИСТАЛ е цементна основа, збогатена со активни иницијални криистализирачки компоненти; се нанесува како кашеста маса на посакуваната површина со четка. Се аплицира на хоризонтални и вертикални површини. Веднаш по апликација врз влажната подлога, производот реагира со влагата и врз стврднатиот бетон предизвикува кристализирачка реакција. Оваа реакција доведува до водонерастворлива кристална форма во сите канали и капиларни пори на бетонот, како и на пукнатини. Врши трајно запечатување на бетонот и спречува пенетрација на вода и други течности од која било насока. Дури и под висок хидростатски притисок ИЗОКРИСТАЛ исто така, подготвен во погуста форма, служи за санирање на дилатации на градежни споеви, или за поправка на пукнатини што протекуваат и врз други градежни дефекти. Отпорен е на позитивен и негативен притисок на вода.
Се препорачува за:
- Резервоари
- Постројки за третман на вода и отпадни води
- Подземни простории
- Фундаменти
- Тунели и метроа
- Базени, подземни паркинзи, тераси, подрумски простории и др.
Description
ПРЕДНОСТИ:
- Отпорен на хидростатски притисок
- Станува составен дел од подлогата
- Може да ги запечати пукнатините до 0,4 мм
- Може да се аплицира на позитивната или негативната страна од бетонска површина
- Овозможува бетонот да дише
- Нетоксичен
- Не бара суви површини
- Механички тешко се оштетува на рабовите
- Без скапи површински прајмери и без израмнување на површината пред апликација
- Не бара завршна обработка на аглите, спојките или меѓу мембраните
- Не бара посебна заштита за време на полнење или за време на поставување на челик, жица мрежа или други материјали
- Кристалната структура е постојана и со континуирано дејство
ПАКУВАЊЕ:
ИЗОКРИСТАЛ е спакуван во различни пакувања: 5кг, 25кг. или по договор со купувачот
СКЛАДИРАЊЕ:
Производот мора да се чува на суво и на минимална температура од 5С.
Рок на траење: една година кога се складира под соодветни услови.
ПОТРОШУВАЧКА:
Во зависност од рапавоста на површината, потрошу- вачката е 0,7 кг – 1,2 кг/м2