Првите почетоци на фирмата се од 1988 година, како регистрирана трговска фирма со хемиски производи – бои и лакови под името СПЕКТАР. Нејзин оснивач и сопственик е г-динот Милан Наумовски економист од Тетово. Како трговска фирма со сопствени три продавници останува на пазарот се до 1994 година. Благодарејќи на развојната инвестициска програма, фирмата набрзо се трансформира во претпријатие за производство на хемиски производи за градежништво. Од сопствени средства е инвестирано во купување на градежно земјиште на кое се изградени производните погони и купени се современи машини за производство на еколошки производи од областа на градежништвото. Во 2003 година, се врши ребрендирање на нашата компанија и промена на називот од СПЕКТАР во СТП.

Следејќи ги модерните трендови во градежништвото, нашата компанија разви комплетна програма за производство на адитиви за бетон со врвен квалитет, произведени по европски и светски стандарди.

Покрај одличните резултати од почнувањето со програмата на адитивите за бетон, почната е производната програма за хидроизолациски системи и градежни премази која исто така, од самиот почеток предизвикаа голем интерес кај градежните компании.

Се до ден-денес, нашата компанија работи успешно и со пораст од нејзиното формирање, благодарејќи на стандардниот производствен квалитет и фер и коректниот однос со нашите партнери.