Poliground

ПОЛИГРУНД

Еластична подлога за течна гума

ПОЛИГРУНД е специјална заптивна емулзија за ТЕЧНА ГУМА а се апли- цира врз ѕидови, рамни кровови, подруми, купатила, темели, базени, фонтани, балкони и било кои други бетонски површини. Филмот добиен со ПОЛИГРУНД е многу еластичен, траен, водоотпорен во исто време. Може да се употребува внатре и надвор, на стари и нови површини. Идеален е за површини со пукнатини
поради својата еластичност. Исто така отпорен е и на созда- вање нови пукнатини на веќе покриена површина. Се аплицира врз: малтер, цигли, натур бетон, гипс, стакло, дрво, иверица, метал и др. Може да се аплицира пред лепење на керамички плочки.

ОСОБИНИ:
Филмот што го формира ПОЛИГРУНД, е комплетно отпо- рен на надворешни влијанија во подолг временски период. Површините премачкани со ПОЛИГРУНД се рамни. Се зголемуваат атхезионите сили помеѓу стари и нови мешавини со што контактот го прави идеален. Производот не се пигментира.

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ:
Изглед: Течна еластична емулзија на водена база
Нијанса: Основна бела боја
Спец. Тежина: 1,10 гр./см3
рН вредност : 8 – 9

Description

СОСТАВ:
Пигменти, полнители, стабилизатори, емулга- тори, рН регулатор, подобрувачи.
Производот е еколошки: не е токсичен.
Одлична еластичност и издржливост на временски не- прилики.
По негова апликација и сушење може да стои на тем- ператури од -35С до +80С
Резистентен (отпорен) е на УВ зраци

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА:
Подлогата претходно да биде чиста, сува, без прашина и обезмастена. При апликација не се разредува со вода или друга течност. Се нанесува со кончан ваљак или со четка (за помали површини) или со шприцање – за поголеми површини. Времето на сушење е неколку часа во зави- сност од временските прилики. Се нанесува исклучи- во на сува и чиста површина. Третираната површина не смее да дојде во контакт со вода или друга течност додека потполно не е сува. Се аплицира исклучиво на температури над 5С и не се препорачува да се работи на температури над 35С. Се аплицира во еден слој. Приборот и рацете се мијат со вода.

ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА:
При работа се препорачува користење на лични сред- ства за заштита.

ПОТРОШУВАЧКА:
Во зависност од намената и рапавоста на површината, потрошувачката е 150-300мл./м2 Еден литар е дово- лен за приближно 3-4 м2 ѕидна површина.

РОК НА ТРАЕЊЕ:
Една година во оригинална неотворена амбалажа

УСКЛАДИШТУВАЊЕ:
Во простории со температура од 5С до 35С. Не се пре- порачува негово чување подолго време на сончево влијание. Производот не смее да замрзне!!!

ПАКУВАЊЕ:
1лит. 5лит. 10лит. и според потребите на купувачот